„Јас сум вистински ѕвер во теретана“: Познатата старлета открива со помош на кои вежби има толку секси задник

Кармин

17/05/2019

12:38

3.850

Големина на фонт

а а а

Познатата старлета користи вежби за да се ослободи од стресот и да го одржува своето ментално здравје. Клои Кардашијан, старлета и риалити ѕвезда не се плаши искрено да зборува за тоа колку напорно вежба и на какви предизвици се изложува себеси за да има толку совршено извајано тело.

Не ѝ било лесно кога се вратила на фитнес вежбите, веднаш по дозволата на нејзиниот доктор после породувањето.

„Мојот мозок знаеше дека јас го можам тоа, но моето тело ме издаваше. Беше тоа вистинска борба затоа што јас себеси се сметав за вистински ѕвер во теретана и сакам да вежбам. Кога не можев да го направам физички тоа што мојот мозок го замислил, баш се обесхрабрив“ - признала Клои.

Била упорна и секојдневно се трудела да се врати во форма додека тоа навистина не успеала да го направи. Претходно го поминувала времето во теретана само кога можела, а сега постојано оди на тренинг во 6 часот и 30 минути затоа што нејзината ќерка Тру кога ќе се разбуди во 7 часот и 30 минути сака нејзината мајка да биде покрај неа.

Не само што вежба толку рано туку таа вежба 5-6 пати неделно. Нејзината рутина се менува, но вообичаено прави 30 минути кардио тренинг и 30 минути кружен тренинг.

„Ги менувам вежбите од оние за горниот дел на телото до оние за долниот дел на телото. Така во понеделник, среда и петок правам вежби за горниот дел на телото, а во вторник и четврток за долниот дел од телото“ - изјавила Клои.

За кардио тренингот таа предложува бокс, прескокнување на јаже и степер скали. Нејзиниот тренер ги вметнува и интервалите за трчање, а таа признава дека го мрази тој дел од кардио тренингот.

Што се однесува до тренингот за силата, Клои ги обожува вежбите за задник. Омилена ѝ е следната вежба: Става тубер гума околу колената и се спушта на сите четири екстремитети, потоа ја прави вежбата “хидрант“ околу 30 секунди потоа ја исправува ногата и прави ситно пулсирање 30 секунди и завршува така што 30 секунди прави “магарешка колиба“. Обично става тегови за нозе од 2-3 килограми и се колне дека оваа вежба е одлична и заслужна за нејзиниот извајан задник.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk