Ова е Олга, таа е најубавата омажена жена во Русија

Точка

17/05/2019

21:37

11.961

Големина на фонт

а а а

Има 32 години и две деца. Олга Попова од Јошкар Ола, 643 километри источно од Москва ја однесе титулата за мис на Русија 2019-та година.

„Моделот Олга Попова го освои првото место на Серускиот натпревар во убавина за омажени жени и ја освои титулата за Мисис Кристална круна на Русија. Сега ќе ја претставува Руија во следната европска фаза на натпреварот“ - изјавил Владимир Паршин, директор на училиштето за убавина Мис Мариј Ел.


Олга (32) е мајка на две деца и сопственичка на продавница за облека. Веќе неколку години сакала да учествува на овој натпревар, но немала доволно самодоверба.


„Синот на Олга кој има 13 години, посетува часови за манекенство во нашето училиште. Долго ја советував Олга и таа да стане модел, но секогаш одбиваше затоа што немаше доволно самодоверба. Дури во август месец минатата година одлучи да се натпреварува. Многу работевме за нејзината подготовка, народниот танц и носијата. И победи“ - изјавил Паршин.




Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk