Детали од животот на Меган Маркл пред да се венча со Хари: Еве зошто се развела од поранешниот сопруг

Кармин

16/05/2019

15:43

2.743

Големина на фонт

а а а

Новиот документарен филм за Меган Маркл открива бројни детали од животот на војвотката од Сасекс, пред да го запознае принцот Хари.

Меган Маркл, во 2013-та година се развела од холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон.

Парот се венчал во Јамајка, во 2011-та година, но се развел две години подоцна поради, како што навеле, непомирливи разлики.


Минатиот викенд бил емитуван документарниот филм „Meghan Markle: Movies, Marriage & Motherhood“. Во документарецот, кралската дописничка Ешли Пирсон тврди дека актерската кариера на Меган е она што ги разделило.

„Беа заедно седум години, а две во брак. Проблемот во бракот беше далечината. Откако се венчаа, таа ја доби улогата во серијата 'Suits' и беше во Торонто, а тој во Лос Анџелес. Таа врска едноставно не траеше“, рекла Ешли.


Тревор Енгелсон се венчал само неколку дена откако Меган го доби првиот син со Хари. Продуцентот се венчал со нутриционистката Трејси Карленд, со која се верил две седмици после кралската венчавка во 2018-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk