Путин „расположен“ за средба со Трамп

Точка

16/05/2019

10:30

1.315

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека можеби ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп на маргините на самитот Г20 кој кон крајот на идниот месец ќе се одржи во Јапонија.

Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделникот изјави дека планира да се сретне со неговиот руски колега Владимир Путин на Г20 самитот во Јапонија, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Од Кремљ во текот на вчерашниот ден соопштија дека Путин е „расположен“ за средба, но и дека не добиле никакво официјално барање од Вашингтон за таква средба помеѓу двајцата претседатели.


„Подготвени сме, но не се работи само за нас, туку за нашите американски партнери. Кога тие ќе бидат подготвени за ова, кога нивната внатрешна политика ќе се промени така да биде продуктивна за работа, подготвени сме за се што е неопходно од наша страна“, изјави Владимир Путин.

Рускиот претседател додаде дека се надева дека до условите за нормализација ќе се дојде постепено, потестувајќи дека во извештајот на американскиот специјален обвинител било потврдено дека немало никаков заговор помеѓу изборниот штаб на Трамп и Русија за време на претседателските избори во САД во 2016-та година.


Пред неколку месеци двајцата претседатели требаше да се сретнат на Г20 самитот во Буенос Аирес, но тогаш Доналд Трамп ја откажа средбата со Путин поради руската агресија, односно нападот и запленувањето на украинските бродови во близина на Крим.



Спонзорирани линкови

Маркетинг