Наумоски: Ги вративме сите долгови на федерација, на новото раководство им посакувам успех и добри резултати

Дерби

15/05/2019

16:57

1.371

Големина на фонт

а а а

Македонската легенда, Петар Наумоски од денеска повеќе не е прв човек човек македонската кошарка која во иднина ќе ја води уште една наша легенда Перо Антиќ.

Наумоски неколку години беше прв човек на федерацијата, период во кој според него тој и тимот добро си ја завршиле работата со ингеренциите што ги имале.

Во продолжение ви го пренесуваме комплетното соопштение на досегашниот претседател на КФМ:

Би сакал да им се заблагодарам на сите соработници и поддржувачи во изминативе четири години, да истакнам дека заеднички се донесоа доста промени, позитивни во интерес на кошарката.Можеби некој ќе каже дека можело повеќе, јас ќе кажам дека секогаш може подобро и повеќе меѓутоа уверен сум дека со овие ингеренции што МКФ и раководството ги има ова е максимумот.

Сметам дека и се оддолживме на оваа спортска институција и на кошарката преку нашето ангажињаре и посветеност во последните четири години.

Ја деблокиравме 16-годишната блокада на сметката на федерацијата, ги вративме сите долгови што само во континуитет се таложеле, ја доведовме федерацијата во стабилна, сигурна па и профитабилна организација, што всушност е работа и обврска на едно успешно раководство на која било институција.

Кошаркарскиот дом за федерацијата е добиен од пред 15-ина месеци, но се уште го немаме добиено во владение поради имотно правни кочници и таму беше зацртана целата програма за развој на младите во текот на сите 12 месеци во годината, а не само 45-60 дена пред секое европско младинско првенство.

На новото раководство им посакувам успех и добри резултати во нивното работење.

Спортски поздрав,

Петар Наумоски



Спонзорирани линкови

Маркетинг