Многу ѕвезди блеснаа во Кан, најголемо внимание привлекоа Ева Лонгорија и Селена Гомез

Кармин

15/05/2019

09:40

3.482

Големина на фонт

а а а

Синоќа на црвениот тепих на фестивалот во Кан прошетаа многу ѕвезди кои на југот од Франција донесоа доза на гламур и воодушевија со модните избори и одличните стајлинзи.

Фестивалот за филм во Кан беше отворен со филмот “Мртвите не умираат“, зомби комедија од американсиот режисер Џим Џармуш. Една од улогите во овој филм ја толкува Селена Гомез, која на фестивалот беше облечена во корсет на Луј Витон и здолниште со голем шлиц, а со тоа предизвика големо внимание на црвениот тепих. Својот изглед Гомез го надополнила со накит од модната куќа Булгари.


На црвениот тепих прошета и Ева Лонгорија која за оваа пригода избрала розов фустан со голем шлиц.


Вниманието на жените го привлече Џереми Микс, најсексапилниот затвореник на светот, кој кариерата како модел започнал да ја гради во затворот.


Џулијан Мур на отворањето на овој фестивал се појави во смарагдно зелен фустан, а изгледот го надополни со „Chopard“ накит.


На црвениот тепих прошета и Алесандра Амбросио, една од најубавите жени на светот која за оваа пригода носеше фустан од британскиот бренд Ралф и Русо.


Ел Фанинг, 21 годишната актерка и една од членовите на жирито, избрала свилен фустан на Гучи со цветен вез и наметка.


Канскиот Филмски Фестивал е познат по строгите правила за облекување според кои сите мажи треба да носат одело, црни чевли и црна вратоврска, додека пак жените мора да носат свечени фустани. Освен тоа, жените не смеат да носат чанти затоа што организаторите сакаат да имаат фотографии на кои што ќе нема премногу детали. Овие правила важат и за претставниците на медиумите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk