Ким Кардашијан лансира мејкап колекција посветена на својата венчавка

Кармин

14/05/2019

14:52

1.792

Големина на фонт

а а а

Старлетата и сопственичка на брендот KKW Beauty, Ким Кардашијан Вест, наскоро ќе ја прослави својата петта годишнина од својот брак со својот сопруг, раперот Каније Вест.

За оваа годишнина, Ким одлучила да лансира нова линија на мејкап, послеветена на својата венчавка, која ќе се вика „The Mrs. West Collection“.

Со помош на нејзината лична шминкерка, Црногорката Марија Дедивановиќ, Ким создала палета со сенки, хајлајтер, руменило, молив за уста, сјај и кармин со помош на кои ќе може да го постигнете нејзиниот изглед од венчавката.

Оваа колекција ќе може да ја нарачате на 24-ти мај, преку интернет страницата на брендот, кога Ким и Каније воедно ја слават својата годишнина од бракот.

Колекцијата ќе биде достапна за купување само во комплет, а цената на сите шест производи ќе биде стотина долари. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk