Класиката секогаш победува: Најпопуларниот модел за 2019-та година сепак не се “трактор патиките“

Кармин

14/05/2019

13:55

2.910

Големина на фонт

а а а

Избран е најмодерниот модел на патики за оваа година.

Иако таканаречените трактор патики направија моден бум во светската мода, класичните бели патики од познатиот бренд сепак се најпопуларниот модел за оваа година.


Тоа го тврди модниот пребарувач Lyst кој се смета за моден Гугл.  На него овие патики се пребаруваат на секои две минути што ги направи за најбараното модно парче оваа година.

Белите патики се дело на модната куќа Александар Меквин, а дизајнирани се уште од 2016-та година. Без оглед на тоа што тие се стар модел, сепак заради нивната популарност цената и понатаму им е иста и чинат околу 400 евра.

Во популарните патики со задебелен ѓон и препознатливиот детал во друга боја на задниот дел на моделот, видени се и познатите дами Џенифер Лопез и Кејти Холмс.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk