Седуммина возачи казнети за поминување на црвено светло

Макфакс

14/05/2019

13:15

1.226

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатиот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Скопје се случиле 12 сообраќајни незгоди во кои седум лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземени мерки и активности од сообраќај биле исклучени 13 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување моторно возило.

Покрај ова, седуммина возачи се санкционирани поради минување крстосница на црвено светло, седуммина поради недавање првенство на минување на пешаци, четворица возачи се казнети поради неправилно престројување, еден возач поради неправилно престигнување.

Исто така, санкционирани се тројца возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, петмина – поради неносење сигурносен појас за време на управување на моторно возило и 18 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило. Напоредно со овие мерки од сообраќај биле исклучени 31 возило од кои, пак, 18 биле нерегистрирани, а на 13 им била истечена важност на сообраќајна дозвола. Во однос на пешаците, санкционирани се тројца пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин и двајца поради поминување коловоз на црвено светло. Во текот на изминатиот ден издадени се 70 мандатни платни налози, а 52 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг