Доколку сте голем љубител на производителите на Apple, сега имате шанса да го купите првиот iPod, целосно неотпакуван.
Проблем би можела да претставува цената која изнесува, верувале или не, 20 илјади долари. По оваа цена се продава првиот iPod на eBay – уредот се наоѓа во оригиналното фабричко пакување и воопшто не е отпакуван, а со тоа и воопшто не е користен.
Премиерниот iPod засекогаш го промени начинот на слушањето на музика, а Стив Џобс го претстави објаснувајќи го како музичка кутија која во нашиот џеб може да стави илјада песни.
Првиот iPod Classic е со бела боја, има капацитет од 5 GB, без можност за проширување на меморијата. Има LCD екран со дијагонала од два инчи и препознатлив начин на работа. Поддржува Aiff, MP3, WAV и Audible фајлови, а батеријата трае околу десет часа.
Плеерот кои некои корисници го нарекоа „златниот стандард“ на MP3 плеерите се продава по цена од нешто помалку од 20 илјади долари.