Пристигнува четвртото бебе на познатиот пар: Елен Деџенерис во емисија ѝ открила на Крис дека породувањето е во тек

Кармин

10/05/2019

12:20

2.087

Големина на фонт

а а а

Семејството Кардашијан секој момент ќе стане побогато за уште едно бебе! Ким наскоро ќе стане мама по четврти пат.

Каније Вест и Ким Кардашијан во секој момент ќе станат родители по четврти пат.

Имено, породувањето на сурогат мајката започнало, и најпопуларното ријалити семејство на светот наскоро ќе добие уште еден член.

Оваа вест ја открила Елен Деџенерис на својот Инстаграм, бидејќи објавила исечок од емисијата во која гостувала Крис Џенер. Таа ја изненадила Крис така што ја донела нејзината ќерка Кортни и нејзините шест внучиња, а потоа ѝ рекла дека наместо Кортни требало да дојде Ким, меѓутоа, убавите вести ја спречиле во тоа.

„Породувањето на сурогат мајката започна“, ѝ рекла Кортни на својата мајка Крис, а таа се запрашала зошто сè уште седат во студио и зошто веќе не се тргнати кон породилиштето.

Дали семејството ќе биде побогато за едно девојче или момче, останува да дознаеме.

Ким и Каније имаат три деца, Норт, Сејнт, Чикаго и четвртото кое само што не пристигнало.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk