„Да се биле пилот е семејна работа“: Мајка и ќерка се вирална сензација

Точка

09/05/2019

16:13

2.270

Големина на фонт

а а а

“Твитер“ полуде по фотографијата на која еден патник фотографирал мајка и ќерка, пилотите на „Delta Airlines“ на летот од Лос Анџелес до Атланта.

Д-р Џон Р. Ветрет, декан на едно приватно аеронаутичко училиште, за време на својот лет кон Атланта бил многу инспириран од фактот дека мајка и ќерка се во пилотскиот тим на авионот со кој летаат, затоа веднаш ги фотографирал и ги објавил на “Твитер“.

Ватер вели дека оваа приказна е многу инспиративна за младите жени, пренесуваат од „Daily Mail“.

Твитот набрзо станал вирален со 42.000 допаѓања и 16.000 „ретвитови“.

##https://twitter.com/ERAUWatret/status/1107087143770513408##

Станува збор за капетан Венди Рексон и нејзината ќерка, десната рака Кели Рексон.

Да се биде пилот, очигледно е семејна работа за ова семејство, бидејќи сопругот на Венди, Мишел Рексон, е пилот за „American Airlines“, а нивната друга ќерка, Кејт Рексон исто така е пилот.

Популарноста на оваа фотографија била инспирација за уште една пилотска двојка - татко и син - па затоа во коментарите се придружиле кон оваа приказна. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk