Оделата во боја ќе бидат апсолутен тренд ова лето

Кармин

07/05/2019

13:40

1.514

Големина на фонт

а а а

Иако со децениии оделата биле едноставни и со неутрални бои, сега е време во вашиот гардеробер да влезе малку вредрина.

Во минатото оделата беа наменети само за мажите, но сега сè почесто овие одела можеме да ги видиме и на жените. Некои од најпознатите жени на светот, како Блејк Ливли, Мишел Обама и Тејлор Свифт, први го започнаа овој тренд на носење одела во прекрасни пастелни бои.  


Во последните неколку сезони, оделото веќе одамна не е само одело за на работа и формален изглед. Оделата станаа свечени. Можете да ги носите во комбинација со некоја маичка за полежерен стил или со потпетици за посериозен и попрофесионален изглед.


Доколку сакате да изгледате гламурозно, тогаш под сакото не мора да носите маичка ниту пак кошула, туку можете да облечете некој чипкаст градник, чипкаста поткошула или корсет.


Проблемот со оделата е тоа што доколку сакате да имате совршено одело, најдобро би било да си го скроите по мера, што би можело да чини повеќе. Нешто поевтина варијанта е да купите квалитетно, поскапо одело кое ќе можете да го носите со години.


Доколку буџетот не ви дозволува да купувате скапи одела, тогаш подобро причекајте да бидат на намаление. Никако не купувајте евтини одела.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk