Овиe актери се самохрани татковци: Имале силна желба нивните деца да израснат покрај нив

Точка

02/05/2019

12:20

3.796

Големина на фонт

а а а

Тие презеле голема одговорност за воспитувањето на своите деца. Во модерниот свет не е нималку чудно, жената сама да одгледува дете. Постои една изрека: „Татко може да биде секој, но ретко кој знае да биде татко“. Ова е списокот на седум холивудски актери, кои сами ги израснале и воспитале своите деца:

1. Лијам Нисон 

Пред десет години, сопругата на Лиам Нисон, Наташа Ричардсон, доживеала несреќа за време на скијање. Починала само неколку денови после падот. Нисон останал сам со двајцата синов, Даниел и Мајкл. Тие тогаш имале 12 и 13 години. Лијам го посветил својот живот на своите деца и одлучил никогаш повеќе да не се ожени. Кога се оженил со Касандра Харис, Парис Броснан, посвоил две деца: Шарлот (9) и Крис (8). Три години подоцна, Касандра му родила син, Шон. Неколку години подоцна, Касандра умира од рак. Актерот продолжил да ги одгледува своите деца без некаква помош од страна или пак желба да се ожени. Но, во 1994-та година, ја сретнува новинарката Кели Шајне Смит, со која стапува во брак во 2001-та година. Денес имаат двајца синови: Дилан и Парис. 

2. Николас Кејџ

Синот на Николас Кејџ, Вестон, е роден во 1990-та година. Актерот бил во брак со жената која му го родила детето, а наскоро после тоа ја раскинале и љубовната врска. Актерот, на таа жена ѝ дал куќа во Холивуд, во замена да му го даде правото сам да го одгледува синот. Денес, Вестон има 28 години, музичар е и се бори да успее во актерството. Во текот на 2005-та година, Кејџ добил уште еден син.

3. Ал Пачино

Ал Пачино е татко на три деца, а досега не бил во брак. Неговата најстара ќерка, Џули, е родена во 1989-та година, а во 2001-та година актерот добива близнаци, Оливија и Антона. Ал Пачино има поделено старателство над децата, така што тие подеднакво време поминуваат и со нивната мајка и со нивниот татко. Актерот е познат по тоа што секогаш го усогласува својот распоред за да помине повеќе време со своите деца.


4. Колин Фарел

Колин Фарел одгледува двајца синови: Џејмс (16) и Хенри (10). Актерот, кратко време беше со манекенката која го роди синот Џејмс. Набрзо, после раскинувањето, актерот продолжува да се грижи за синот. Од врската со полската актерка, Колин го добива и другиот син, Хенри, за кој исто така се грижи.


5. Лени Кравиц

После разводот, Лени Кравиц почнува да ја одгледува неговата ќерка Зои, сам. Пред тоа бил во брак со Лиса Бонет полни три години. Парот имал еднакви права кога станувало збор за нивната ќерка, но кога наполнила 11 години, Зои се преселила кај нејзиниот татко. Денес Зои е популарна актерка и музичарка, и често се појавува во друштво со нејзиниот татко.  




Спонзорирани линкови

Маркетинг