Лидерот на Исламската држава е жив! Се појави за прв пат после 5 години и ги пофали џихадистите од Шри Ланка!

Точка

30/04/2019

09:30

2.786

Големина на фонт

а а а

Лидерот на Исламската држава, Абу Бакр Ал Багдади синоќа се појави за прв пат после пет години на видео снимка која ја објави екстремистичкиот пропаганден сајт Ел Фуркан.

На снимката се појавува лидерот на најозлогласената терористичка организација на светот облечен во црна облека, а до него е поставена автоматска пушка. Ова е негова прва видео снимка откако за последен пат се појави снимка од неговиот говор во џамијата Ел Нусра во ирачки Мосул во 2014-та година.

Тој во видеото од 18 минути говори дека Исламската држава го загубила Калифатот во Сирија и Ирак, но исто така вели дека борбата со Западот се уште не е готова.

„Борбата на Исламот со крстоносците е долга. Битката кај Багуз е завршена и ја прикажа суровоста и бруталноста на крстот кон исламот, но истовремено ја покажа и храброста и истрајноста на нациите на исламот“, порача Ал Багдади на пропагандното видео.

Меѓу другото, лидерот на џихадистите ги пофали терористите кои ги изведоа крвавите бомбашки напади на Шри Ланка каде животот го загубија над 250 Христијани кои го прославуваа католички Велигден. Според Ал Багдади, тоа било одмазда за падот на Багуз.


Засега не може да се потврди автентичноста на снимката, а се претпоставува дека е направена на почетокот на април, односно веднаш после нападите во Шри Ланка.



Спонзорирани линкови

Маркетинг