Дру Баримор, Меган Фокс и Рита Ора...славни личности кои признале дека се бисексуалци

Кармин

25/04/2019

10:09

3.369

Големина на фонт

а а а

Иако уживаат во среќен брак или љубовна врска со некој од спротивниот пол, бројни славни личности не се срамат да признаат дека подеднакво уживаат во друштво на мажи и жени. Помеѓу нив се Дру Баримор, Меган Фокс, Амбер Херд, Рита Ора.

Многу славни дами, но и мажи отворено зборувале за својата сексуалност во бројни интервјуа. 

Ѕвездата на Twilight сагата, Кристен Стјуарт вели дека многу работи во нејзиниот љубовен живот се промениле кога започнала врска со жена.


"Кога излегував со мажи, криев многу работи за себе, бидејќи тоа беше премногу лично, веднаш се сметаше за тривијално, што мене не ми се допаѓа. Тоа се промени кога започнав да излегувам со девојка. Таа врска ми ги промени погледите на животот и ме направи посреќна", рекла Стјуарт во една прилика.

Баримор признала дека го сака женското тело. Таа за тоа отворено проговори во интервју за "Contact" во 2003 година.


"Отсекогаш сама себе се сметав за бисексуалка. Го сакам женското тело. Сметам дека две жени се подеднакво убави како маж и жена заедно. Да се биде со жена е како да го откривате сопственото тело, но низ некој друг", рекла тогаш глумицата.

Поранешната ѕвезда на "Sex and the City", Синтија Никсон проговорила за својата бисексуалност во 2012 година. Таа денес ужива во брак со партнерката Кристин Маринони.


"Бев со мажи во својот живот и никогаш не сум се вљубила во жени. Меѓутоа, кога се случи тоа, ништо не ми беше чудно. Јас сум само жена заљубена во друга жена", вели Никсон.

Една од најпопуларните глумици Меган Фокс пред неколку години исто така ја привлекувале жени.


"Мислам дека луѓето се родени бисексуални, но дека во текот на животот прават свои избори во склад со општеството. Нема никакво сомнение во мојата глава за тоа дека сум навистина бисексуалка", рекла Фокс.

Пејачката Рита Ора била на мета на критики поради портретот на бисексуалните жени во нејзината песна "Girls".

"Песната ја претставува мојата вистина и дава прецизен приказ на едно многу реално и искрено искуство во мојот живот. Во текот на животот имав романтични односи со жени и мажи и тоа е мојот личен пат", искрено рекла Ора.

Музичарот Џејсон Мраз е еден од ретките мажи кои признале за бисексуалност. Иако жена го освои неговото срце, во една прилика рекол дека излегувал и со мажи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk