Аријана Гранде отворено за депресијата: Пристигна поддршка и од холивудскиот глумец

Кармин

24/04/2019

15:47

2.479

Големина на фонт

а а а

Пејачката Аријана Гранде отворено пред неколку дена на социјалните мрежи говореше за тоа дека се бори со депресијата, а холивудскиот глумец Џим Кери одлучи да ѝ пружи поддршка.

Глумецот напишал дека ѝ се воодушевува на пејачката која одлучила јавно да говори за својот психички проблем. 

"Ја прочитав твојата исповед и благодарам што ме спомена и поддржа сè она што кажував за депресијата. Брилијантен учител и пријател Џеф Фостер говореше за депресијата како за концепт на "длабок одмор". Ѝ се восхитувам на твојата отвореност. Ти посакувам сè најдобро и благословен сум што имам ваков обожавател", рекол Кери.

Пејачката веднаш му се заблагодари на глумецот на поддршката и напишала:

##https://twitter.com/ArianaGrande/status/1120381177699766272##

"Ти благодарам на убавите зборови. Мислам дека не знаеш колку ми значиш. Ти си голема инспирација за мене", напишала Аријана.

Размената на пораки помеѓу овие две ѕвезди предизвика голема заинтересираност кај корисниците на социјалната мрежа Твитер, а секој нивен твит освои илјадници слични одговори од обожавателите.


Преписката се случила само неколку дена откако пејачката на Твитер призна дека се бори со депресија откако пред две години се случи терористички напад на нејзиниот концерт во Манчестер каде загинаа повеќе од 20 лица.

Исто така во септември умре раперот Мек Милер со кој пејачката беше во врска. Неговата смрт тешко ја поднесе пејачката.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk