Родители, не сте ни свесни колку грешите: Со овие 5 работи ја преминувате детската граница

Точка

24/04/2019

14:10

3.460

Големина на фонт

а а а

Една мајка, наброила 5 ситуации во кои родителите ја преминуваат границата на прифатливо однесување кон своите деца. Во денешно време, родителите најчесто се заштитнички поставени, што е разбирливо поради големата количина на љубов која што ја чувствуваат кон своите деца. Но, некогаш едноставно знаат да „изгорат“ во таа желба, и преминуваат некои граници.

Прегратки и бакнежи 

Колкупати ви се случило додека шетате со вашето дете, случајни минувачи, да му упатат насмевка и да посакаат да го погалат, прегрнат или бакнат? „Секако дека такво однесување од непознати луѓе би било неприфатливо, па зошто тогаш тоа не е ситуација и кога станува збор за децата“, се прашува мајката Рочаун Медовс - Фернандез. Децата никогаш не треба да ги присилуваме самите да прегрнат некој, доколку самите тие не почувствуваат потреба да го направат тоа, па дури и да станува збор за некој роднина. Со секое наметнување на физички контакт му ја одземате можноста за избор. 


Удирање по задникот

Иако многу од родителите сметаат дека со таквиот пристап правилно го воспитуваат детето, се поставува друго прашање: Се нарушуваат ли со таквиот однос, приватниот простор и емоциите на вашето дете?

Присилување на детето да направи нешто што не сака 

Ако една возрасна личност, на друга, и вели „не“, голема е веројатноста тоа да биде прифатено. Меѓутоа, кога малечките нешто не сакаат да направат, тогаш тие ве игнорираат. Додека од една страна постојат моменти во кои нивното „не“ не може да се прифати, како на пример сладолед пред ручек, постојат ситуации кога треба да бидете попустливи. Децата ги впиваат работите уште од мали, па доколку сакаме еден ден да бидат независни и способни луѓе, да носат квалитетни одлуки, тогаш треба да им дозволиме нивните перспективи и нивните ставови да вредат уште од мали нозе.


Игнорирање на нивните чувства

„Престани да плачеш“ е најчестата реченица која родителите ја употребуваат кога однесувањето на нивните деца го сметаат за неприфатливо. Меѓутоа, ако на децата им кажуваме кога треба да плачат и да покажуваат емоции, а кога не треба, тие набрзо ќе станат збунети и ќе ги доведете во ситуација да ги потиснуваат своите емоции, што никако не е добро.

Откривање на детските тајни

И малечките деца имаат свои тајни, исто како возрасните луѓе. Затоа ако ве замолат да не ги издавате нивните тајни, послушајте ги. Ако постапите спротивно на тоа и го издадете она што ви го кажале, тогаш вашиот однос ќе биде нестабилен, особено доколку вашето дете е тинејџер. Затоа е многу важно, дури и на најмалото дете да му дадете до знаење дека има право на приватност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk