Дуа Липа со урнебесна креација пренесе нешто на што сите често помислуваме

Кармин

24/04/2019

13:47

3.272

Големина на фонт

а а а

Кога пејачката Попи пред еден месец на додеување на музичките награди се појавила во „Victor & Rolf“ креација и со неа им порачала на сите да одат по ѓаволите, не требало да помине долго време за и други ѕвезди да го присвојат овој урнебесен тренд.

Дуа Липа, пејачката позната по својот екстравагантен стил, одлучила исто така да испрати јасна порака преку фустанот, кој покрај креативниот натпис го надополнува и многу необичен крој.

„Оставете ме намира“, порачала Дуа со својот аутфит, а многу нејзини следбеници се поистоветиле со неа во коментарите.

View this post on Instagram

the best time to call me is via text

A post shared by Dua Lipa (@dualipa) on

Некои дури почнале да нагаѓаат дека станува збор за нова песна под ова име, додека Џиџи Хадид ѝ порачала дека изгледа како ангел.

Инаку, модната двојка „Victor & Rolf“ во јануари на Модната недела во Њујорк претставиле уште многу други урнебесни натписи на своите фустани, а особено се истакнале „Верувај ми, јас сум лажливка“ и „Извини што доцнам, не сакав да дојдам“. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk