Мажите откриваат: “Кога таа ќе ја направи оваа ситница за мене, се чувствувам како крал”

Кармин

24/04/2019

11:27

2.575

Големина на фонт

а а а

Не, не секогаш е наша задача да се грижиме за тоа како се чувствува нашиот партнер, но не е лошо одвреме-навреме да го изненадиме човекот кој го сакаме со некоја ситница.

Воглавно, и ние се чувствуваме добро кога ќе направиме нешто за другиот (особено за партнерот) – посебно кога за тоа не треба многу труд. Кои се ситниците со кои можеме да го поправиме неговото расположение? На Редит, на оваа тема одговориле голем број мажи, а повеќето одговори ќе ве изненадат. 

Заедничко време

“Работам многу, помеѓу 60 и 70 часа неделно. Кога имам слободен ден, мојата сопруга лудо се радува дека ќе го поминеме слободното време заедно и тоа јасно ми го покажува. Тоа е одлично чувство”.


Комплименти

“Било какви комплименти!”, “Се радувам кога ќе ми каже дека сум згоден”, “Имам некој килограм вишок, но кога ќе ми каже дека добро изгледам во некое одело, не можам а да не се насмевнам”.

Нежност

“Масажа, допири по грбот или милување на вратот. Немам поим зошто, но тоа е толку проклето добро!”.

Мали подароци

“Мојата сопруга неодамна ми подари цвеќе. Најпрвин помислив дека полудела, но потоа “се расцветав” од среќа како лале”.


Почит

“На почетокот, нашиот план беше и двајцата да работиме, но по раѓањето на нашиот син, мојата сопруга одлучи дека ќе остане дома со него. За да ѝ го овозможам тоа, пронајдов друга работа – која баш и не ја сакам, но ги покрива нашите потреби. Знам дека тоа звучи старомодно и непријатно ми е да го признаам тоа, но едно искрено “Ти благодарам што работиш” многу би ме развеселило”.

Прегратки

“Понекогаш сопругата едноставно ме прегрнува и тоа ми е тотално супер! Често, токму тоа е она што ми треба... понекогаш се чувствувам лошо, но не можам да зборувам за тоа. Прегратката во таквиот момент е како појас за спасување и ми дава чувство дека не проаѓам сам низ сè во животот”.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk