Покривот на Нотр Дам е невозможно да биде обновен: Француски архитект го откри проблемот кој го направиле градителите на црквата

Точка

19/04/2019

15:04

3.941

Големина на фонт

а а а

Иако дрвените греди се најверојатно и причината за брзото ширење на пожарот, тие биле клучен фактор во изградбата на прекрасниот готски покрив кој за неколку часа целосно исчезна.

Францускиот претседател Емануел Макрон во вторникот најави дека катедралата ќе биде целосно обновена во рок од пет години: „Ќе ја обновиме катедралата и ќе ја направиме поубава. Сакам тоа да биде завршено за пет години“.

Сепак, сега се поставува прашањето дали катедралата може да биде обновена и да биде потполно иста како што беше пред голем дел од градбата да изгори во катастрофалниот пожар.


Познатиот архитект Бертран Де Фејду тврди дека покривот на катедралата не може целосно да биде обновен затоа што денес нема дрвја со големина какви што имало во 12-ти и 13-ти век. Имено, покривот на Нотр Дам бил изграден од повеќе од 1300 стебла и популарно се нарекувал „шума“. Секое големо стебло било внимателно претворено во дрвена греда.

Архитектот тврди дека тие дрвја уште тогаш биле стари околу 300 години и сега ќе биде невозможно идентично да се повтори процесот на изградба на покривот на познатата париска катедрала.

Нотр Дам не е единствената катедрала која што е изградена од големи стебла. Дрвото бил клучен материјал за изградба на големите објекти во 12-ти век и бројните градби кои што опстанале од тоа време се изграденит токму од дрвја.

Сепак, во меѓувреме, според архитектот, генетската предиспозиција на дрвјата да растат во висина и да се „натпреваруваат“ – исчезнала.



Спонзорирани линкови

Маркетинг