Ким Кардашијан повторно "исплукана" поради начинот на кој ја облекла 5 годишната ќерка

Кармин

19/04/2019

09:31

4.746

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан сè повеќе фрапира со начинот на кој ги воспитува децата, што на фановите воопшто не им се допаѓа, па постојано ја критикуваат.

Најпопуларната старлета на светот сака нејзината ќерка Норт од мала да биде научена на штикли и фустани, па ѝ дозволила да облече нејзини сандали и сето тоа го објави на социјалните мрежи. 

На неодамнешната роденденска прослава на ќерката на Клои Кардашијан, Ким ја облече 5 годишната ќрека со штикли која со уживање ги носеше. Видеото од девојчето во штикли кое во раце ја носи помалата сестра ги остави сите во шок.


"Како го успеваш тоа во штикли? Добро, сега спушти ја сестра ти и облечи други чевли", се слуша во позадина гласот на старлетата. Мајката била воодушевена од умешноста на својата наследничка.

Ова не е првпат ријалити ѕвездата да биде "исплукана" од фановите поради премногу слободното воспитување на своите деца. Повеќе пати ја критикувале на социјалните мрежи поради тоа што Ким троши голема сума на пари за да им купува брендирани чанти на своите ќерки.


Ким е во брак со Каније од 2014 година, имаат три деца, од кои третото го добиле со помош на сурогат мајка. Тие очекуваат и четврто дете исто така од сурогат мајка, а повеќе пати истакнала дека нема повеќе да биде бремена поради претходните тешки и ризични бремености.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk