Глигоров: Апликантите за државни службеници се преоптоварени со непотребни документи

Макфакс

15/04/2019

14:39

1.352

Големина на фонт

а а а

Потребни се законски измени во постапката за вработување на административните службеници, во постапката за унапредување и во делот на заштитата на правата на административните службеници, порача директорот на Агенцијата за администрација, Спасе Глигоров, на дебатата за измени на законот за вработени во јавниот сектор и законот за административни службеници.

Според него, овие три сегменти се клучни за реформата, а недостатоците на законите се покажале уште на почетокот во 2015 година бидејќи имало две измени уште пред да стапат на сила.

„Примената на законот покажа дека голем број кандидати кои аплициррат отпаѓаат од селекцијата поради т.н. технички причини. Преоптоварени се да прикачуваат документи непотребни за мерит-системот, на пример лекарско уверение кое е задолежително“, изјави Глигоров.

Од Министерството за администарција и информатичко општество порачаа дека детектирале во кои сегменти се потребни измени, но не сакаа да откријат. Државниот секретар во министерството кажа дека проблемите во одредени сфери како културата, здравството и социјалата настанал зашто не направиле консултација со сите засегнати при донесувањето на зкаоните.

Министерот Манчевски, пак, изјави дека доправа ќе се организираат дебати и јавни расправи со сите чинители, а законските измени очекува во јули да влезат во собраниска процедура.



Спонзорирани линкови

Маркетинг