Поради брзо возење, казнети над 60 возачи викендов во Скопје

Макфакс

15/04/2019

11:17

1.116

Големина на фонт

а а а

Во текот на изминатите три дена во Скопје биле преземени мерки и активности и било констатирано дека 64 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.

Од МВР велат дека од сообраќај биле исклучени 77 возачи од кои: 71 возач затоа што управувале возила без да се стекнат со право за управување на моторно возило и пет возачи затоа што биле возачи почетници. Исто така, исклучени од сообраќај се и 52 возила бидејќи 50 биле нерегистрирани и две возила поради претовар. Санкционирани се 13 возачи поради поминување на крстосница на црвено светло, пет возачи поради недавање првенство на минување на пешаци, тројца возачи поради неправилно престројување, двајца поради неправилно престигнување, девет возачи на мотоцикли поради неносење заштитен шлем, 16 возачи поради неносење сигурносен појас за време на управување моторно возило и 37 возачи поради користење на мобилен телефон при управување на возило.

Во однос на пешаците санкционирани се четири пешаци поради поминување коловоз надвор од пешачки премин. Во текот на изминатите денови издадени се 201 мандатен платен налог и 145 возила се подигнати со специјално возило „пајак”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг