Повехи, како што гласи насловот на традиционалната хавајска песна за создавањето, би можело да биде името на црната дупка, чија прва снимка била објавена во средата во рамките на проектот во кој биле вклучени осум радио телескопи ширум светот.
Името на тој космички објект му го дал професорот по јазици на Хавајскиот универзитет во Хил, Лари Кимура, пренесува "AP".
Повехи значи "украсно бескрајно мрачно творевештво" или "украсен мрачен извор за бескрајно создавање" и доаѓа од Кумулипо, хавајски еп од 18-тиот век.
По е длабок мрачен извор на бескрајно создавање, додека вехи е еден од описите на по опеан во епот, пишува весникот.
"Привилегија е што првата научна потврда за црната дупка добива хавајско име и тоа е многу значајно за мене и мојата хавајска линија која доаѓа од по", изјавил професорот Кимура.
Астрономите сметаат дека хавајското име е оправдано бидејќи во проектот биле вклучени два хавајски телескопи.