Најголемата тајна за долговечен брак исплива во јавноста! Хју е венчан со 13 години постара жена повеќе од 2 децении, а ова е нивниот супер рецепт!

Кармин

12/04/2019

17:45

4.007

Големина на фонт

а а а

Хју Џекмен и неговата 13 години постара сопруга, Дебора Ли Фернес, прославиле 23 години од бракот, а и денес се пар кој е пример за многумина!

Актерот покрај интересна фотографија на Инстаграм, кратко напишал: „Среќна годишница“, со ознака, „Моја Деб“, а јавноста се воодушевила.

Пресреќен, го открил рецептот за нивниот долговечен брак, кој секој може да го примени доколку сака љубов која не згаснува.

View this post on Instagram

Happy anniversary #mydebs #23

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman) on

„Искрени сме еден кон друг и зборуваме за сè. На самиот почеток, таа имаше неколку правила, бидејќи веќе имаше визии за себе на кои работела - сакаше никогаш да не бидеме одвоени повеќе од две недели. Исто така, никогаш да не си легнеме нервозни. Дури и кога е 3 часот наутро, ние даваме сè од себе за да решиме сè што треба.“

„Во врската мора да бидете свои. Заедно со оние работи кои не ги сакате, кои не ви се допаѓаат, од кои се плашите, кои сте ги направиле како што не треба... Ако чувствувате дека може да бидете она што сте и навистина бидете искрени кон партнерот, тогаш тоа е вистинската работа.“

„А потоа кога ќе се венчате со најсексапилната, најсмешната, најубавата жена на светот - тоа е одличен прв чекор“, заклучил Хју со весел тон, кој со сопругата е повеќе од 20 години во брак, и во добро и во лошо.

Хју истакнува дека таа е најдоброто нешто што му се случило во животот.

Да потсетиме, парот се венчал во 1996-та година. Бидејќи не можеле да имаат деца, ја посвоиле ќерката Ава и синот Оскар. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk