Фотографите кои работат на венчавки имаат развиено шесто сетило: Тие знаат дали бракот ќе успее или не, а еве кои се тајните знаци

Кармин

11/04/2019

14:45

2.383

Големина на фонт

а а а

На социјалната мрежа Редит, фотографите кои работат на венчавки навеле дека развиле “шесто сетило” низ годините работа, кое им говори дали некој брак ќе потрае или не.

“Младоженецот неколку пати, кога неговата невеста не гледаше, ѝ намигнуваше на организаторката на венчавката и нејзината асистентка. Тоа не беше лежерно како “сѐ е во ред и благодарам на грижата” туку заводливо намигнување какво што може да се види само во ноќните барови. Беше бизарно”, е еден од коментарите на фотографите. 


Уште еден пример кој не е добар знак на венчавките е потегот кога парот си набива парчиња торта во лицето, еден на друг. Се покажало дека паровите кои го прават тоа, често се разведуваат. Работата се крие во почитта, личноста која го почитува својот партнер нема да го посрамоти пред сите присутни.

Кога еден од партнерите е исклучително тивок во текот на венчавката, тоа е знак дека нешто се случува. Можеби станува збор за внатрешна борба со прашањата дали е тоа правилниот потег, страв и слично, но таквите ситуации обично завршуваат со развод.

Но, има и романтични приказни.


“Една венчавка беше сосема необична, се одржуваше во шума и сѐ беше лежерно, веганска храна, луѓе со своите миленичиња, карпа за качување... Но, невестинскиот фустан не стигна навреме. Невестата стоеше само во маичка со Мики Маус и фармерки и беше многу тажна. Венчавката требаше да почне во закажаното време, а таа го немаше фустанот. Нејзиниот вереник ја соблече својата облека, остана само по бела маица и боксерки и ѝ кажа: “Одиме, време е”. Беше чудно да се гледа младоженецот во боксерки и влакнести нозе на фотографиите од венчавката, но тој потег покажа дека парот сигурно ќе остане заедно”, напишал еден од фотографите на Редит.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk