Џеј Ло покажа повеќе од што е потребно: „Можеби си престара за тоа“

Кармин

08/04/2019

23:58

11.244

Големина на фонт

а а а

Пејачката Џенифер Лопез, која е на прагот на шестата деценија, објави нов музички спот за песната „Medicine“, во соработка со раперот Френч Монтана (34), а од блескавите и брзи кадри, на сите им паднала во очи една работа.

Џенифер (49), во спотот променила дури седум комбинации на облека, од црн фустан со реси на нозете, до бело каубојско одело и шешир.

Сепак, во еден момент, кога Лопез го носела белиот комбинезон од латекс, камерата го фатила нејзиниот потполно гол задник.

Таа сцена се повторила неколкупати во спотот, но кадрите траат само една секунда. Во спотот „донела“ всушност цел циркуз, вклучувајќи ја жената во минијатурно бикини, која дига тегови.


Сепак, многумина ѝ замериле на тоа колку се разголила.

„Ти си навистина божица, и со гласот и со изгледот, но мислам дека на овие години не би требало да правиш вакви провкативни песни“, ѝ коментирале фановите. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk