Капело: Постојат само тројца тренери кои го променија фудбалот!

Дерби

23/03/2019

19:47

3.324

Големина на фонт

а а а

Италијанската фудбалска репрезентација оваа вечер на домашен терен ќе го започне својот квалификациски циклус за Европското првенство против репрезентацијата на Финска, дуел пред кој доста интересен за медиумите од оваа земја стана легендарниот фудбалски стручњак, Фабио Капело.

Незаборавниот Дон Фабио се огласи за фамозната листа од 50 најдобри тренери во историјата која ја направи угледниот „Франс Фудбал“, студија на која сега се надоврза ценетиот Италијанец со впечатлива теорија. Капело се најде на 21-то место во поредокот на респектабилниот магазин, но според него од сите 50 набројани, само тројца можат да се наречат луѓе кои го промениле фудбалот.

– Има три моменти кои го променија фудбалот. Мичелс и неговиот Ајакс, Саки и неговиот Милан кои направија трансформација на системот во фудбалот и Барселона на Пеп Гвардиола. Овие тројца тренери имаа идеи кои ги спроведоа на дело, но за тоа помош добија и од играчите кои ги имаа на располагање. Тие направија да функционира нешто ново во фудбалот. Мојот фудбалски пристап беше поразличен од нивниот, – посочува Капело во интервјуто за „Радио Диџеј“, во кое ги посочува и најдобрите двајца играчи кои ги тренирал во кариерата.

– Најдобрите двајца со кои сум работел се Марко Ван Бастен и Роналдо Бразилецот. Иако тој беше дебел во Реал Мадрид, никогаш не сум видел играч со допир и чувство како она на Роналдо, – завршува Италијанецот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг