Сириските демократски сили, поддржани од САД, денес официјално објавиле крај на Исламската држава на територијата на истокот на Сирија и додале дека ќе ја продолжат својата борба против џихадистичките "заспани ќелии".
Во церемонијата која била пренесувана на телевизија, генералниот командант на SDF ја повикал сириската влада, која се зарекла дека повторно ќе ја заземе целата земја, да ја признае автономната администрација која ја управува SDF во североисточна Сирија.
Ја повикале и Турција, која ги смета за терористичка организација и често организира упади во Сирија против нив, да ја напушти сириската територија, посебно регионот Африн, каде во главно живеат Курди.
#SDF claim total territorial defeat of IS in #Syria
— Ruptly (@Ruptly) March 23, 2019
Watch live: https://t.co/U3Regc8kYv pic.twitter.com/ugrr5X1sMe
Калифатот во Мосул во 2014-та година го основал Абу Бакр Ал Багдади, користејќи го хаосот во регионот.
Воспоставил власт со судови, валута и знаме, а калифатот на врвот од својата моќ се протегал од северозападна Сирија речиси до Багдад.
Набрзо светот го обиколиле вести за маскар над малцинства, сечење на глави, трговија со луѓе и слично.