Однапред зготвила 152 оброци за полесно да го дочека четвртото бебе

Точка

23/03/2019

14:50

5.326

Големина на фонт

а а а

Џесика Меј Магил од Сиднеј однапред припремила дури 152 оброци и 228 порции грицки, и тоа само неколку недели пред породувањето за помалку стресно да го дочека четвртото бебе во семејството.

“Моментално сум во 37-мата недела од бременоста, а најстарата ќерка има само 4 години, па затоа нашиот живот со новото бебе сигурно ќе биде возбудлив”, објаснува Џесика која по неколку дена во кујната наполнила два замрзнувачи. 

Помеѓу останатото, таа припремила 12 порции месни ќофтиња, 8 оброци вариво од леќа со колбаси, 8 оброци тестенини со разни сосови, 8 оброци вегетаријанско чили и 4 порции енчилада.

Тука се и 8 оброци пилешко во сос од кикирики, 24 детски порции колач од сирење и вегетаријански слатки “колбаси”, мафини и ситни колачи и уште многу друго.

Половина од припремената храна е направена на вегански начин бидејќи Џесика се држи до програма за здрава исхрана со која изгубила импресивни 17 килограми по минатите породувања. За мајките кои размислуваат за ваквата идеја, таа ги советува да изберат рецепти кои се едноставни и содржат слични состојки, така што можат да се набават во големи количини и со тоа да се заштедат пари.

Рецептите можете да ги припремите во двојна количина, со тоа што прво ќе ги зготвите оние оброци чија припрема трае подолго. Купувајте и замрзнувајте само сезонско овошје и зеленчук кое во сезоната е поздраво и поевтино.

“И внимателно планирајте ја припремата. Имено, кога припремате лазањи и ги ставате да се печат, за тоа време ќе постигнете да припремите сѐ што е потребно за супа или болоњезе”, вели добро организираната мајка за “Daily Mail”.



Спонзорирани линкови

Маркетинг