„Анима Мунди“ бара итно да престане чистењето на езерцата во Градски парк

Макфакс

23/03/2019

14:18

3.463

Големина на фонт

а а а

Здружението за заштита на животните „Анима Мунди“ бара итно да запре, според нив, грубото механичко чистење на езерцата во Градскиот парк, кое, како што велат, се спроведува нестручно и насилно, при што претставува уништување на животната средина!

„Во денови кога се чистат езерцата во градскиот парк во град Скопје, трапаво, без елементарно знаење и осет се уништува животното подрачје на бројни растенија и животни, се врши ликвидација на езеркиот разновиден жив свет, убиваат ијладници школки, рептили (скопскиот гекон), речни змии, жаби, тритони, алги…

Се деградира и неповратно уништува преубав, богат и разновиден природен амбиент кој е живеалиште на над 90 видови птици кои го красат Градскиот парк, од кои дел гнездат во него а дел го користат како попатна станица при нивната миграција.

Со груба механизација, нестручно работење и исклучувањето на дотокот на водата од Вардар, езерцата и каналите пресушуваат при што живиот свет се осудува на бавна смрт“ велат од здружението.



Спонзорирани линкови

Маркетинг