Трагедија во Кина: Се запалил автобус полн со туристи, загинале 26 луѓе!

Точка

23/03/2019

14:09

1.474

Големина на фонт

а а а

Во пожарот кој избил во туристичкиот автобус на автопатот во централната кинеска покраина, Хунан, загинале 26 лица и уште 30 се повредени.

Се наведува дека пет повредени се во критична состојба. Инцидентот се случил вчеравечер, по локално време, во градот Чангде, во близина на Ханшоу.


Во автобусот имало 56 лица, меѓу кои 53 биле патници, еден туристички водич и двајца возачи, кои се приведени додека властите ја утврдуваат причината за пожарот.

Се наведува дека на фотографиите од местото на несреќата, се гледа автобусот кој е целосно во пепел, а Ројтерс наведува дека е можно оганот да избил поради материјалите кои биле во возилото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг