Ги воодушеви фановите на "Пријатели": "Добра ноќ екипо, бегам дома"

Кармин

22/03/2019

10:53

3.192

Големина на фонт

а а а

Кортни Кокс, најпозната по улогата на Моника Гелер во омилениот ситком од 90-те години, Пријатели, на Инстаграм објави снимка и ги воодушеви фановите на култната серија.

Во краткото видео, 54 годишната глумица открила дека навратила до станот каде живееше Моника Гелер во ТВ серијата. 

"Добра ноќ екипо, бегам дома", се слуша како вели актерката, камерата потоа се подигнува токму како во серијата, а во позадина се слуша и познатата песна од ситкомот.

"Оној во кој станарината ми се зголеми на 12.000 долари", напишала под видеото, кое во еден ден го погледнаа повеќе од 1,5 милиони луѓе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk