Најдолгата перика досега: Ким Кардашијан со косата го „измете“ подот

Точка

21/03/2019

16:40

4.634

Големина на фонт

а а а

Сестрите Кардашијан-Џенер имаат завидна колекција на перики и навистина ретко ја покажуваат вистинската коса.

Затоа и можат да си дозволат чести промени на фризурата, а Ким тоа во последно време го прави почесто од било кога. Откако на крајот на минатиот месец ги изненади обожавателите со црвена, а потоа со зелена перика, сега објави фотографија на која во главен фокус не е бојата, туку должината на периката.

View this post on Instagram

BTS @carolinalemkeberlin

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) on

Старлетата позирала во долна облека и темни хулахопки, но покрај нејзиното разголено тело, внимание привлекла супер долгата рамна црна коса со која го „изметила“ подот.

Во описот Ким го означила брендот „Carolina Lemke“ со која, како што наведува Дејли Меил, соработува за линијата за очила за сонце, па претпоставуваме дека парот кој го носи е дел од нивната заедничка колекција. Старлетата на својот Инстаграм профил објавила уште неколку фотографии на кои носи други модели од линијата кои очигледно се инспирирани од футуризмот. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг