Пејачката изгледа како златна божица во новата фотографија со која го промовира својот бјути бренд

Кармин

21/03/2019

13:14

3.466

Големина на фонт

а а а

Пејачката и сопственичка на два бренда уште еднаш докажа дека самата себе си е најдобра реклама.

Ријана по повод лансирањето на новиот производ од нејзиниот козметички бренд Fenty Beauty изработи една жешка фотосесија со која го претстави новиот хајлајтер за тело. 

Покрај тоа што производот изгледа совршено на нејзината темна кожа, Ријана се надмина сама себе со изборот на краток златен фустан кој ги истакна нејзините облини и тонирани нозе.

Нејзините обожаватели ја опсипале со многубројни коментари, а најчести беа оние кои велат дека наликува на златна божица. Во нешто повеќе од 16 часа Ријана собра преку три милиони лајкови и двесте илјади коментари кои стануваат сè помногубројни.

Инаку, за овој предизвикувачки стајлинг е одговорен личниот стилист Џахил Вејвер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk