Актерскиот пар, Ченинг Тејтум и Џена Деван се разведоа пред помалку од една година, а веќе двајцата запловија во нови љубовни приказни.
Откако прв во јавноста се појави Ченинг со нова девојка, пејачката Џеси Џеј, и Џена Деван го покажа своето ново момче.
Во прашање е актерот Стив Кази, со кој убавата актерка е фотографирана на улиците во Лос Анџелес.
Иако Џена и Ченинг многумина ги сметаа за совршен холивудски пар, очигледно двајцата му ставиле точка на бракот кој им ја донесе 5-годишната ќерка Еверли.
Џена со новото момче, Стив, уживала во сончевиот ден, а друштво им правела и нејзината ќерка Еверли.