76 годишна Американка е првата жена која доби Абелова награда за математика

Кармин

20/03/2019

12:16

1.869

Големина на фонт

а а а

Норвешката академија за наука за првпат додели Абелова награда на жена, а добитничката е Американката Керен Уленбек.

Керен е 76 годишен научник од Универзитетот Принстон, а инаку работи на Иститутот за напредни истражувања во САД. Нејзините теории вовеле револуција во досегашното сфаќање на минималните површини, како оние кои формираат меурчиња од сапун, и сфаќањето на општите проблеми за минимизација во поголеми димензии. 


Таа досега развила многу алати и методи на глобалната анализа кои сега ги користат бројни геометри и аналитичари. Исто така се наоѓа помеѓу водечките научници поради ангажмани на родова рамноправност во науката и во математиката.


Абеловата награда за првпат била доделена во 2003 година откако норвешката влада даде таков предлог, а називот го доби според норвешкиот математичар Нилс Хенрик Абел и на тој начин се доделува извонреден допринос на подрачјето на математика.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk