Бремената актерка објавила фотографија во бикини: “Колку бебиња носиш во стомакот?“

Кармин

19/03/2019

14:38

5.315

Големина на фонт

а а а

Американската пејачка и актерка, Џесика Симпсон е третпат бремена и очекува девојче со сопругот Ерик Џонсон.

Иако на почетокот на март ги извести обожавателите дека брои денови до пораѓајот, Џесика и понатаму е бремена и не ѝ недостасува смисла за хумор.


Објавила фотографија во бикини, а трудничкиот стомак бил во прв план. Покрај фотографијата напишала: „Гестација“. Досега безброј пати се жалеше на килограмите кои ги добила во бременоста, па и обожавателите почнаа да се шегуваат на нејзина сметка.

„Колку бебиња носиш во стомакот“, „Имаме впечаток дека си бремена веќе 15 месеци“, биле само некои од коментарите.

View this post on Instagram

Jess-tation

A post shared by Jessica Simpson (@jessicasimpson) on

Други пишувале дека Џесика е една од ретките познати личнсти кои бременоста ја претставуваат во вистинско светло, со оглед на тоа дека објавила фотографија од своите потечени стопала и отворено зборувала за вишокот килограми.

Џесика веќе има две деца, ќерката Максвел Дру (6) и синот Ајс Нут (5).


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk