Пејачката конечно се огласи за предозирањето:"Требаше да направам грешки за да преживеам"

Кармин

19/03/2019

13:50

4.164

Големина на фонт

а а а

Минатата година веројатно беше една од најтешките за пејачката Деми Ловато. Само што прослави шест години откако е чиста од наркотици и алкохол, поп ѕвездата итно беше пренесена во болница поради тоа што се предозира.

Иако тогаш се нагодуваше дека Деми консумирала хероин, кој спаѓа помеѓу најтешките дроги, таа за тоа никогаш не проговори јавно. Сепак, таа на фановите им ја отвори душата на денот кога требало да прослави 7 годишнина откако е чиста. 


"Денес би биле седум години како сум трезна. Не жалам поради ништо, бидејќи требаше да ги направам тие грешки, но никогаш не смеам да заборавам дека одлуките кои ги донесов биле токму тоа: грешки", започна пејачката.

"Благодарна сум на групите за поддршка "Анонимни алкохоличари" и "Анонимни зависници" кои никогаш не ја затвораат вратата, без оглед на тоа колку пати почнуваш од почеток", рекла таа.


Пејачката додаде дека не смета дека залудно изгубила шест години, бидејќи тоа искуство ќе биде дел од неа.

"Тие години ќе бидат само дел од мојот голем животен пат", истакна таа и рекла дека никогаш не е доцна повторно да се побара помош.


"Ако живеете денес, можете да успеете", заврши таа.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk