Alfa Romeo Tonale: Први информации за сериската верзија на овој прекрасен џип

Точка

18/03/2019

17:00

4.282

Големина на фонт

а а а

Alfa Romeo Tonale ќе пристигне во целосен спектар кога станува збор за погонот – речиси со сигурност ќе има хибридна, дизел и електрична верзија.

За производството на овој џип на италијанската компанија ќе биде задолжена фабриката во близина на Неапол, а Alfa Romeo Tonale на пазарот би требало да пристигне до крајот на 2020-та година.

Роберто Зерби од Alfa Romeo, во врска со најавата за сериско производство на Tonale изјави: „Tonale мора да биде прекрасен како и секоја Alfa, мора да се вози како Alfa, а посебно ќе мора во свиоците да се однесува како исконската Alfa“.


Зерби потврди дека Tonale ќе користи plug-in хибридна технологија, слична како кај Jeep Compass, што значи дека во тандем ќе функционираат бензински и електромотор, со електрична автономија од околу 50 километри.

Покрај PHEV верзијата, во понудата ќе се најде и полесен хибрид со електро асистенција кој ќе поседува погон на сите тркала. Електромоторот ќе биде задолжен за испорака на силата на задните тркала, додека за предните ќе биде задолжен T4 FireFly турбо-бензинец со зафатнина од 1,3 литри.


Alfa Romeo Tonale ќе послужи и како стилски пример за идниот компактен хечбек, новата генерација на Giulietta, како и во надворешноста, така и во внатрешноста. Тоа посебно се однесува на троделните предни светлосни групи какви што во минатото имаа моделите Brera, SZ и 159.



Спонзорирани линкови

Маркетинг