Ким Кардашијан со своите двојнички во нова рекламна кампања

Кармин

15/03/2019

21:44

3.530

Големина на фонт

а а а

Ким Кардашијан и брендот за оптика „Carolina Lemke Berlin“ наскоро ќе лансираат заедничка колекција.

Во рекламната кампања, Ким организирала фотографирање со нејзините две двојнички, кои се претворени во цела војска Ким девојки, за потребите на рекламната кампања.


На фотографиите девојките имале иста шминка, фризура, иста црна долна облека и нормално очила за сонце. Многу е тешко да препознаете на прв поглед која од девојките е Ким Кардашијан, а кои се нејзините двјнички, меѓутоа фотографиите од бекстејџ можат да ви помогнат да откриете кои се двојничките, а кое лице е навистина на Кардашијанката.


Првите фотографии од фотосесијата Ким ги споделила со своите фанови на Инстаграм, а фотосесијата добила преку милион лајкови. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk