Сестрите од кланот Кардашијан-Џенер се одговорни за популарноста на повеќето модни трендови.
За последниот тренд е одговорна најмладата и воедно најуспешната сестра, Кајли Џенер, која за излегување со Ким, Кортни и Клои облекла фустан кој секоја жена со облини го обожува.
Станува збор за фустан со миди должина и со набори, кој најдобро ја истакнува фигурата, но и среќно го сокрива целулитот.
Кајли често сака да се пофали со своето затегнато тело, кое сега изгледа подобро од било кога, бидејќи, како што истакнува на своите Инстаграм приказни, се посветила на здрав живот и вежбање.
Инаку, Кајли Џенер носи фустан од брендот What Goes Around Comes Around, чија цена е околу една ипол илјада долари, но многу британски high street брендови нудат многу слични модели со значајно пониски цени.