Глумицата Роузи О'Донел откри: "Кога бев дете татко ми ме силуваше"

Кармин

14/03/2019

16:00

2.436

Големина на фонт

а а а

Холивудската глумица Роузи О'Донел открила дека нејзиниот татко ја злоставувал додека таа била дете. Оваа информација ја откри Рамин Сетудех за потребите на неговата претстојна книга "Ladies Who Punch: The Explosive Inside Story of The View".

Кога нејзината мајка починала О'Донел имаше само 10 години. Нејзиниот татко Едвард Џозеф О'Донел починал во 2015 година. Комичарката и глумица била многу отворена додека зборувала за своето бурно и несреќно детство. 

Таа рекла дека е жртва на сексуално насилство, а првиот пат открила дека монструмот е всушност нејзиниот татко.


"Бев многу млада кога започна злоставувањето. Кога мојата мајка почина, татко ми беше принуден да се грижи за пет деца. Во суштина, тоа е нешто за кое не сакам да зборувам", рекла О'Донел.

Додала и дека злоставувањето на деца секако ја менува личноста.


"Секое дете кое е ставено во таа позиција, посебно доколку го злоставува некој од семејството е сосема немоќно и заробено, бидејќи личноста на која би сте ѝ кажале за својот проблем е личноста која го прави тоа", рекла глумицата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk