Анџелина Џоли повторно ќе се венча?

Кармин

14/03/2019

14:35

2.419

Големина на фонт

а а а

Иако нејзиниот развод со Бред Пит сè уште не е завршен, гласините за четвртиот потенцијален брак на Анџелина Џоли ги преплавиле американските медиуми.

Магазините „In Touch“ и „Life & Style“ дури ја ставиле приказната на Анџелина Џоли на насловна страница со податоци дека таинствениот вереник на актерката најпрво ги барал сите нејзини деца за дозвола и дека Бред дознал за венчавката од нивната ќерка Шилох.


Исто така, наведените магазини истакнале дека нејзиниот вереник е британски милијардер и дека наводно откако ќе се венча со Анџелина ќе се преселат со децата во Франција, во дворецот Миравал, каде во 2014-та година се венчала со Бред.


И покрај сите овие информации, се појавиле новости од сигурни извори кои им биле пренесени на магазинот „Elle“ и порталот „Gossip Cop“. Тие тврдат дека Анџелина ужива во сингл животот и во времето со децата и дека со никој не е во врска.

Сè уште не се знае кои од овие информации се вистина, а самата Анџелина не се огласила по тој повод. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk