Бурниот живот на поп принцезата: Доживеала нервен слом и го изгубила старателството над децата

Кармин

14/03/2019

14:50

4.975

Големина на фонт

а а а

Бритни Спирс е речиси две децении на музичката сцена, а во текот на кариерата ја следеа бројни скандали и гласини. Неодамна, таа најави повлекување од јавноста на неодредено време за да се посвети на грижата за болниот татко.

“Пред неколку месеци, мојот татко заврши во болница и за малку ќе починеше. Немаме доволно зборови за благодарност што од целата ситуација излезе жив, но уште е долг патот пред него. Морав да пресечам за да се фокусирам на своето семејство во овие тешки времиња. Се надевам дека ме разбирате, ви благодарам и ве сакам сите”, напишала пејачката на социјалните мрежи во таа прилика. 

Нејзиниот приватен живот отсекогаш беше под лупата на медиумите. Бритни ја обвинуваат дека е лоша мајка, а алкохолот и дрогата ја чинеа губење на старателството над синовите Шон Престон и Џејден Џејмс, кои ги има со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн.


По контроверзниот јавен бакнеж со Мадона на доделувањето на МТВ наградите во 2003 година, животот на популарната русокоса почна забрзано да се движи во надолна линија.

Во 2004 година, Спирс се венчаше во Лас Вегас за школски другар, а бракот траеше неверојатни 55 часа. Набрзо потоа, започна хаотичниот период со танчерот Кевин Федерлајн за кој се венчаше по само неколку месеци врска. По пропаднатиот брак, пејачката доживеа целосен нервен слом. Таа им подлегна на пороците, а сѐ почесто беше фотографирана во алкохолизирана состојба.


Забавите, дрогата и алкохолот ја доведоа до губење на старателството над децата во 2007 година. Откако се пријавила во клиника за рехабилитација, во февруари истата година Бритни си ја избричи главата.


Набрзо по закрепнувањето, поп ѕвездата ѝ се врати на музиката и одличните хитови, а набрзо стекна и право повторно да ги гледа своите синови.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk