Ова е жената со која Алекс ја изневерувал Џенифер Лопез?! Џесика е блондинка со огнени облини

Точка

14/03/2019

11:21

3.916

Големина на фонт

а а а

Џесика Кансеко воедно одговорила на тврдењата на својот поранешен сопруг Хозе Кансеко и открила дали спиела со Алекс Родригез.

Поранешниот бејзбол играч, Хозе Кансеко, го обвинил Алекс Родригез дека ја изневерува својата свршеничка Џенифер Лопез со неговата поранешна сопруга Џесика Кансеко. Русокосата Џесика важи за вистинска секс бомба и е ѕвезда во реалното шоу "Hollywood Exes". 

Џесика има 46 години и во петтата деценија од животот има што да покаже.

Активна е на социјалната мрежа Инстаграм, каде поставува бројни секси фотографии.

Инаку, Џесика во меѓувреме се огласила и го демантирала својот некогашен сопруг Хозе.

"Го знам Алекс долго време и не сум го видела повеќе од 5 години. Сигурно не сум спиела со него. Ги познавам и Алекс и Џенифер", напишала Џесика Кансеко на Твитер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг