Докторите мислеле дека има бубрежни каменчиња, а потоа сфатиле дека е во породилни болки

Кармин

14/03/2019

10:04

2.795

Големина на фонт

а а а

Пет дена пред да се породи, Али Опфер се припремала за настап со групата навивачки кои ги тренира. Само три дена подоцна почнала да чувствува менструални грчеви, а воопшто не била свесна дека тоа се всушност контракции.

Следната вечер, болката била неиздржлива, па Али отишла во болница каде открила дека е трудна и дека ќе се породи во рок од половина час.  

Опфер воопшто не се сомневала дека е бремена – таа секогаш имала нередовни менструални циклуси и понекогаш правела тест за бременост, но резултатот секогаш бил негативен, па затоа се откажала. Поминале неколку месеци од последниот циклус, па девојката одлучила да направи уште еден тест, меѓутоа и тој дал негативен резултат.

“Немав никакви симптоми на бременост и се чувствував потполно нормално. Не ми падна напамет дека можеби сум трудна. Немав утрински мачнини, стомакот воопшто не се познаваше. Малку се здебелив, воглавно во лицето”, раскажала Али за списанието “People”.

На 21-ви декември 2016 година, во утринските часови почувствувала блага болка и била уверена дека станува збор за менструални грчеви, но кога болката станала неиздржлива, таа не можела да стане од кревет. Вториот ден, болката не попуштала па затоа решила да отиде во болница.

Докторот најпрвин мислел дека има бубрежни каменчиња.

“Ми го прегледа абдоменот и со прстите напипа помала маса. Ме испрати на ултразвук поради бубрежни каменчиња за да провери дали треба да одам на операција. Техничарот тогаш во текот на прегледот забележа бебе, а кога ми го кажа тоа, останав во шок. Бев преплашена, не бев спремна да станам мајка”, се присетила Али.

Бебето не било правилно свртено, па затоа Опфер била подложена на царски рез. Со тоа, на свет дошол малечкиот Оливер, потполно здраво момче.

“Бев бремена 42 недели, што значи и подолго од терминот за породување. Кога шокот попушти, сите бевме пресреќни”, заклучила девојката. Таа била отпуштена од болница по неколку дена и благодарение на семејството и пријателите дошла во дом потполно опремен за едно бебе.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk