Практична и женствена: Здолништето во кое сите ќе се заљубат оваа пролет!

Кармин

13/03/2019

16:00

2.736

Големина на фонт

а а а

Практична, женствена, а одлична за деловни комбинации и вечерни излегувања. Накратко - здолниште за секоја пролетна прилика!

Пролетта доаѓа и крајно време е да ја освежиме нашата гардероба. Време е големите, дебели џемпери да ги замениме со пролетни дневни парчиња. На тронот на омилените модни парчиња на улиците оваа пролет ќе владее токму ова парче, на кое никој не се надевал - а тоа е миди сатенско здолниште со ретро дизајн.


За тоа колку ова здолниште ги полудело припадничките на понежниот пол, покажуваат и водечките модни сајтови. Прв избор е на многу модни блогерки, што докажуваат и нивните профили на Инстаграм, а она што нам особено ни се допаѓа е тоа што лесно се комбинира. Ако сакате во оваа сезона да влезете со стил, сè што треба да набавите е ова здолниште. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk