Пејачката Џенифер Лопез минатиот викенд се вери со пензионираниот бејзбол играч Алекс Родригез, после двегодишната врска.
Среќната вест парот ја објави на своите Инстаграм профили, каде двајцата споделиле фотографија од вереничкиот прстен, а сега објавиле и интимни фотографии од самото запросување.
Иако досега верувавме дека ја запросил во хотелската соба, бидејќи така навестуваше во своите Инстаграм сторија, Алекс сепак клекнал пред Џенифер на песочната плажа на Бахамите. Пејачката, очигледно била многу изненадена и многу воодушевена, иако веќе изгледала како невеста.
Целата во бело, со блуза и здолниште и врзана коса во уредна пунџа, Џеј Ло изгледала подготвено за венчавка и тоа баш на некоја ваква плажа. Но, веруваме дека венчавката уште повеќе ќе заблеска и ќе го засени ова издание.
А веруваме и дека ќе се потруди да ги засени сите претходни венчаници, бидејќи Џенифер веќе трипати досега била во брак, а ова ѝ е петта веридба.